Градоначалникот сведочи за драмата во Кочани: Пламените јазици беа високи 10 метри, зафатени се куќи, пожарот се шири! ФОТО

Поради силниот ветер и сувата вегетација огнот брзо се шири во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе зафати дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско маало.

1,424

Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев во изјава за Канал 5 вели дека ситуацијата во градот е драматична и дека пожарот веќе зафатил неколку куќи, а се заканува да се префрли и на другата страна од градот…

Илијев вели дека пламените јазици биле високи 10 метри и дека има опасност од ширење на пожарот поради силниот ветар, кој ја оневезможува интервенцијата на пожарникарите .






Попладнево избувнаа два пожара во ридско-планинското подрачје околу Кочани кои зафатија десетици хектари шума, нискостеблести растенија и лозови насади.

Поради силниот ветер и сувата вегетација огнот брзо се шири во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе зафати дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско маало.

Поврзани содржини