Градоначалникот Саша Богдановиќ кренал температура, заразен е со корона

Богдановиќ им порача на граѓаните да одржуваат дистанца, да носат заштитни маски и да ги почитуваат препораките на надлежните институции.

1,764

Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ денеска соопшти дека се заразил со коронавирусот.

„И покрај заштита за целото време на пандемијата на ковид-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите“, напиша тој на својот профил на Фејсбук.






Богдановиќ им порача на граѓаните да одржуваат дистанца, да носат заштитни маски и да ги почитуваат препораките на надлежните институции.

Поврзани содржини