Градоначалникот на Њујорк му се закани на Трамп: Тој е персона нон грата, ќе му треба војска ако дојде

383

Тој не може да има доволно телохранители за да прошета низ улиците на Њујорк, подобро би било да има војска, му се закани градоначалникот на Њујорк, Ендрју Куомо, на претседателот на САД, откако американскиот претседател издаде меморандум според кој го скрати буџетот на одредени американски градови.

Тие градови беа цел на Трамп затоа што наводно не се во можност да спречат воспоставување на „нелегални зони“.

Градоначалникот на Њујорк се огласи со реакција:

– Заборавете на телохранителите, подобро би било да има војска, ако мисли дека шета низ улиците на Њујорк. Тој е персона нон грата во Њујорк и мислам дека го знае тоа и мислам дека никогаш нема да се врати во Њујорк затоа што њујорчани не заборавија колку беше злобен кон нив – вели Куомо.

Поврзани содржини