ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП ДОБИЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТОТ Случајот е пријавен во полиција

Станува збор за лице вработено во Општина Штип, кое во минатото е познато на полицијата по вакви случки. Така што оставам на институциите на системот да ја утврдат состојбата – рече Јорданов.

242

Иван Јорданов, градоначалникот на Штип, вчера добил закана по животот од еден вработен во Општината потврди самиот Јорданов на прес конференција, додавајќи дека инцидентот го пријавил во полиција.

– Не би сакал да навлегувам во деталите, за да не влијаам во постапката. Идентитетот на сторителот е познат. Верувам во институциите на системот. Сето она што е пријавено СВР-Штип го има веќе како детали. Станува збор за вработено лице во Општина Штип, кое во минатото е познато на полицијата по вакви случки. Така што оставам на институциите на системот да ја утврдат состојбата – рече Јорданов.






Вработениот во општинската администрација ѝ е познат на јавноста по тоа што пред неколку години исто така му се заканувал на поранешен градоначалник на Штип.

Поврзани содржини