ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП ЈА СРУШИ ФОНТАНАТА СО СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ? Левица реагира, велат дека немало решение од надлежен инспектор

И кога сите очекуваа тоа да го направи СДС, бидејќи во централниот дел на фонтаната беше врежано Сонцето од Кутлеш, по седум години постоење и по промена на тројца градоначалници, четвртиот - од редовите на ДПМНЕ се одлучи да ја руши, се вели во партиското соопштение на Левица.

345

Партијата Левица во свое соопштeние тврди дека градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ без најава ја срушил фонтаната позади Гимназијата во центарот на градот на која било врежано сонце од ѕвездата од Кутлеш. Тие велат дека рушењето било направено нетранспарентно и преку ноќ:

„Без никаква најава, одлука на Совет на општина Штип, транспарентно решение од надлежен инспектор, или проект за градење на новата „модерна фонтана”, во текот на вчерашниот ден  до темел беше срушена постоечката фонтана, која се наоѓаше позади Гимназијата во центарот на Штип, “ велат од Левица и додаваат:






„Оваа фонтана која во 2015 година, камен по камен беше рачно изработена и претставуваше своевидно уметничко дело, општинските багери  преку ноќ ја срамнија со земја.

И кога сите очекуваа тоа да го направи СДС, бидејќи во централниот дел на фонтаната беше врежано Сонцето од Кутлеш, по седум години постоење и по промена на тројца градоначалници, четвртиот – од редовите на  ДПМНЕ  се одлучи да ја руши.

Не така одамна, во периодот после потпишувањето на Преспанскиот договор, кога беа брусени металните шахти на кои беше излиено Сонцето од Кутлеш, „патриотската” ДПМНЕ правеше театри и прес конференции, цврсто противејќи се на потегот на владата на СДС.

Денеска, после само 4 години од тој, за Македонците – предавнички договор, Градоначалник Иван Јорданов го прави истото кое го правеа тогашните структури на СДС.

Дали општинските власти во Штип  преку бришењето на ваквите македонски симболи, оркестрирано соработуваат со СДС или пак одработуваат за некакви грчки агенди?“, се вели во партиското соопштение на Левица.

Поврзани содржини