Барањата на граѓаните на Автокоманда се и мои барања, потенцираше вечерва градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, кој на повик на граѓаните се приклучи на граѓанскиот протест на жителите на Автокоманда, кои бараат да се вратат на старото греење откако без да бидат прашани беа приклучени на друга опција.
– Не може Владата и АД Енергетика да го променат снабдувачот со топлинска енергија во Автокоманда без да ги прашаат корисниците. Очекувам да се прифатат барањата на граѓаните и АД Енергетика повторно да биде снабдувач за домаќинствата во Автокоманда – порача градоначалникот.