Градоначалникот на Петриња: Ситуацијата е катастрофална, се мислиме дали да го евакуираме целиот град
Ситуацијата е катастрофална, од причина што градот и остатоците со ваков потрес даваат до знаење дека мора да преземеме други мерки - рече Думбовиќ.
Нов земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер го погоди хрватскиот град Петриња, каде што пред една недела се случи земјотрес од 6.3 степени кога загинаа седум лица.
Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, истакна дека по последниот потрес сериозно се размислува и на евакуирање на целиот град.
– Овој удар беше страшен и предизвикува параноја кај граѓаните. Ситуацијата е катастрофална, од причина што градот и остатоците со ваков потрес даваат до знаење дека мора да преземеме други мерки – рече Думбовиќ.