Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, објави дека е позитивен на коронавирус.
,,Почитувани пријатели, роднини и сограѓани, ве информирам дека по појавата на втор позитивен случај на ковид-19 во редовите на општинската администрација, вчера на сопствена иницијатива направив тест, кој е позитивен. За таа цел во следниот период се повлекувам во домашна изолација. Во исто време сите вработени од денес 02.09 до 09.09.2020 ќе бидат ослободени од работните обврски, а општината нема да работи освен за итни и неодложни потреби. Екипи на Јавно Здравје веќе прават целосна дезинфекција на работните простории и возниот парк. Никој не е имун! Носете заштита и почитувајте ги препораките на Комисијата за здравство“, порача Мицевски.