ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ НЕМА ВЕЌЕ ДА ПРЕСКОКНУВА ПОЈАДОК Папазов се онесвести, Мицкоски ја прекина прес-конференцијата ВИДЕО

2,220

Новиот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов изгуби свест и се онесвести за време на денешната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Мицкоски веднаш штом ги забележа случувањата зад него ја прекина прес-конференцијата и се упати кон Папазов за да му помогне.






Предмалку Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук објави фотографија со градоначалникот, информирајќи дека тој е добро.

 

„На денешната прес конференција за миг му се слоши на Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани. Се е во ред. Интензивен период беше, и тоа си го зема данокот… Поминавме многу, ќе поминеме уште повеќе. Сложно и братски. А тој ќе мора да вети покрај другите работи на кои сите се обврзавме денес, дека нема да го прескокнува појадокот. Продолжуваме за новата иднина во која сите веруваме“, напиша Мицкоски.

 

Поврзани содржини