ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КИСЕЛА ВОДА НЕ МИРУВА Ѓорѓиевски вечерва направи увид во градинката „Сончоглед“

Во обиколката било констатирано дека е потребна замена на надворешните и на внатрешните прозорци и врати, санација на таваните во занималните, како и санација на покривот на овој објект.

7,358

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, вечерва изврши увид во градинката „Весели Цветови“, објект „Сончоглед“.

Како што информираат од општината, во оваа градинка, денот го минуваат 230 дечиња, а неодамна, тука се извршила и замена на фасадата со нова, термоенергетска, како и замена на олуците.






Од таму дополнуваат дека од обиколката било констатирано дека е потребна замена на надворешните и на внатрешните прозорци и врати, санација на таваните во занималните, како и санација на покривот на овој објект.

– Ќе работиме на подобрување на условите не само во „Сончоглед“, туку и во сите градинки низ општина Кисела Вода, а проблемот со преполнетите капацитети ќе се решава со изградба на нови градинки – потенцирал градоначалникот Ѓорѓиевски, пренесуваат од општината.

Објектот „Сончоглед“ е лоциран на улица Локов во населбата Кисела Вода. 

Поврзани содржини