ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КИСЕЛА ВОДА ИМ ПОМАГАШЕ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ Изгаснат е пожарот во Пинтија, нормализирано снабдувањето со струја во Скопје
На местото се присутни противпожарни екипи со две возила кои успеаја да го изгаснат огнот, како и припадници на полицијата, но и самиот градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, кој заедно со пожарникарите го гасеше пожарот.
Изгаснат е пожарот што доцна попладнето избувна на стрништето спроти трафостаницата во скопската населба Пинтија, предизвикувајќи оштетувања на високонапонската инсталација поради што поголемиот дел од Скопје остана без струја.
На местото се присутни противпожарни екипи со две возила кои успеаја да го изгаснат огнот, како и припадници на полицијата, но и самиот градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, кој заедно со пожарникарите го гасеше пожарот.
Од МЕПСО информираа дека напојувањето со електрична енергија било прекинато поради пожарот во близина на трафостаницата за да можат да интервенираат противпожарните единици.
Речиси цело Скопје беше без електрична енергија од 17:15 до 18:00 часот.
Од ЕВН упатија на МЕПСО, бидејќи проблемот бил во високонапонската мрежа.