ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ИЛИНДЕН ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО ЗА ТРАГИЧНАТА НЕСРЕЌА Георгиевски потврди дека девојчето загинало од струен удар
Во моментов таму увид врши јавен обвинител и другите надлежни органи. Во овој момент можам само да изразам жалење за целиот настан и воедно да изразам длабоко сочуство до семејството на настраданото дете, вели Георгиевски.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски изрази сочувство за трагичната несреќа во која синоќа загина девојче во близината на железничката станица. За ТВ24 тој рече дека според неговите сознанија се работи за струен удар кој се случил на вагоните каде биле качени деца.
– Според информациите што ги добив од МВР и ПП бригада, до трагедијата дошло откако група малолетници самоиницијативно, најверојатно од забава и несвесно се качувале на паркиран вагон во близина на ЖСТ Илинден и при тоа дошло до струен удар од високиот напон каде на лице место животот го загуби малолетно девојче. Во моментов таму увид врши јавен обвинител и другите надлежни органи. Во овој момент можам само да изразам жалење за целиот настан и воедно да изразам длабоко сочуство до семејството на настраданото дете – вели Георгиевски.