Градоначалникот на Бутел нахрани 50 полицајци ФОТО

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, подели 50 оброци за вработените во полициската станица Бутел, наведено е во соопштението од општината.

783

Изминатиов период безбедносните служби се секојдневно ангажирани за безбедноста, чување на редот и спроведување на мерките за движење предизвикани од глобалната пандемија од коронавирусот, а од таа причина, денеска градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, подели 50 оброци за вработените во полициската станица Бутел, наведено е во соопштението од општината.

„Дополнително беа поделени уште 50 оброци за наши граѓани кои се од социјално ранливите категории. Апелираме до нашите граѓани, да ги почитуваме мерките и препораките на Владата, Министерството за здравство и Кризниот штаб за заштита и спасување за престојните празници, затоа што само така можеме да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини