ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ОРГАНИЗИРАШЕ ИФТАРСКА ВЕЧЕРА Заедништво во духот на битолскиот космополитизам
Во месецот кога нашите сограѓани од исламска вероисповед го празнуваат светиот месец Рамазан, сакаме да испратиме порака на заедништво, взаемна почит, добрина и грижа, рече градоначалникот Тони Коњановски на ифтарската вечера.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, организираше ифтарска вечера, воочи големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
На вечерата присуствуваа битолскиот муфтија Амит Расими, заедно со дел од членовите на битолското муфтиство, претседателелот на Советот, советници, како и соработници на Општина Битола од невладиниот и бизнис секторот.
– Во месецот кога нашите сограѓани од исламска вероисповед го празнуваат светиот месец Рамазан, сакаме да испратиме порака на заедништво, взаемна почит, добрина и грижа, во духот на битолскиот космополитизам, кој на овие простори опстојувал со векови – рече градоначалникот Тони Коњановски на ифтарската вечера.
Вечери како оваа се потсетник дека преку заеднички напори можеме да изградиме подобро општество за сите нас, порача градоначалникот.
Свое обраќање имаше и битолскиот муфтија Амит Расими кој рече дека месецот Рамазан е време на духовно прочистување, добрина и човечност.