Сторијата на „ВидиВака“ во која средношколците Мите и Катерина Драгишевски од кумановското село Стрновац ја раскажуваат својата тешка животна приказна, како и фактот дека имаат потешкотии во следењето на онлајн наставата бидејќи немаат компјутер беа поттик за реакција на градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитириевски.
„Со одвоени мои лични средства и средства на дел од вработените во Општина Куманово беа набавени два лап топ компјутери на кои беше инсталиран соодветен потребен софтвер, а воедно ќе се обидеме да обезбедиме и интернет мрежа во зависност од техничката можност на оператерите“, изјави градоначалникот Димитриевски.
Покрај лаптопот на Мите, сега и неговата сестричка, Катерина има сопствен лаптоп компјутер, кој денес и беше доставен од страна на вработени во Општина Куманово. Дополнително Мите и Катерина ќе добијат 2 работни маси и столчиња за поуспешно да можат да ја следат наставата и да учат во домашни услови.
Благодарност на Отец Оливер кој со донатор веќе има обезбедено еден лаптоп за дечињата и од другите донатори, поради оваа решивме донацијата од вработените во општината за другиот лаптоп да ја трансформираме во работни маси, столчиња и ученички прибор.
Покрај оваа донација, Општина Куманово отвори постапка за набавка на таблети во износ од 2.500.000 (средства пренаменети од новогодишно украсување на градот) и оваа опрема штом ќе биде набавена ќе се дистрибуира до основните и средните училишта во Куманово, а е наменета за учениците од социјално загрозените семејства.
Остануваме посветени на обезбедување квалитетни услови за живот за сите, а особено на децата кои се иднината во нашето општество.
Целата сторија за семејството можете да ја погледнете на овој линк.