Градоначалникот без панталони за време на ТВ интервју (ФОТО)

Прво ја праша новинарката како го забележала тоа, но во следниот момент сфати колку е „разоткриен“.

824

Градоначалникот на белгискиот град Антверпен, Барт Де Вевер, лидер на сепаратистичката Нова фламанска алијанса и еден од најмоќните политичари во Белгија, ја започна новата година со непријатност, откако беше фатен дека не носи панталони за време на ТВ-интервју.

– Носите многу убава кошула, веројатно ја избравте специјално за нас. Но, под кошулата, дали сте во долна облека – го праша градоначалникот новинарката на Радио 2, Ким Дебри за време на онлајн интервјуто.






За време на интервјуто, Де Вивер седна свртен со грбот кон огледалото во неговата работна соба, па беше јасно дека тој не носи панталони.

Прво ја праша новинарката како го забележала тоа, но во следниот момент сфати колку е „разоткриен“.

– Не забележав … Мојата година започнува со овој срамен момент што долго ќе го паметам – рече градоначалникот без панталони.

Поврзани содржини