ГРАДОНАЧАЛНИК ПРОТИВ БРИЖИТ БАРДО Ѝ пречат борбите со бикови, но не им велеше секогаш „не“ на матадорите!
„Ако имав афера со матадорот, ќе ги вратев и ушите и опашката“,напиша Бардо на Твитер, алудирајќи се на традицијата на сечење на опашките и на ушите на биковите на крајот од борбата.
Легендарната актерка Брижит Бардо, сега на возраст од 86 години, поведе кампања во форма на постери, против суровоста со бикови, во еден мал град во југозападна Франција. Но, на градоначалникот тоа воопшто не му се допадна, па возврати со иста мерка. И безобразно.
Роберт Менард, градоначалникот на градчето Безиер во близина на границата со Шпанија, објави контра-постери, на кои се гледа стара слика на секс-симболот од педесеттите и шеесеттите години на минатиот век, заедно со познати матадор.
Кога станува збор за матадорите, Брижит не им велеше секогаш „не“. Вака гласи слоганот на неговиот постер, што предизвика војна со зборови меѓу активистката за правата на животните и локалниот десничар.
– Ако имав афера со матадорот, ќе ги вратев и ушите и опашката – напиша Бардо на Твитер, алудирајќи се на традицијата на сечење на опашките и на ушите на биковите на крајот од борбата.
Законот вели дека борбите со бикови може да се одржуваат во неколку региони кои имаат историска врска со овој „спорт“ што датира од 19 век.
– Борбата со бикови е дел од нашите културни карактеристики. Можам да разберам некои од аргументите. И јас сум вегетаријанец. Но, во исто време, го бранам традицијата и културното наследство. Тоа е дел од нашата ДНК! – изјави градоначалникот Менард.
Но, Бардо повторно го нападна, велејќи дека наводите за аферата со матадорот Луис Мигел Домингин се целосна лага. Менард, кога слушна дека Брижит е навредена, одлучи да ги симне плакатите, но сепак инсистираше дека тоа е шега.
Тој рече дека Бардо за него била најубавата жена во светот во младоста и сон за соништата за неговото детство.
И покрај малиот број демонстранти кои се собраа, борбата со бикови minatiot викенд во Безиер продолжи според планот. Спектаклот го следеа околу 18.000 луѓе.