Градоначалник порача мажите да купуваат намирници, зашто жените многу разгледувале

426

Градоначаланикот на третиот по големина јапонски град Осака, Ичиро Мацуи, се соочи со реакции во јавноста откако изјави дека е подобро мажите да одат да купуваат во продавниците за време на пандемијата со коронавирусот, зашто жените трошат многу време и прават гужви во маркетите.

– На жените им треба повеќе време за да купуваат во маркетите зашто тие разгледуваат разни продукти и размислуваат кој е подобар. Мажите брзо грабнуваат тоа што им е кажано да купат и тие не се задржуваат во маркетите – што значи избегнување на блиски контаки со другите – изјави Мацуи вчера на прес конференција.






Осака од 7 април е во вонредна состојба. Изјавата на Мацуи доаѓа откако тој предложи супермаркетите да го ограничат бројот на луѓето внатре и им препорача на граѓаните да купуваат продукти еднаш во два-три дена.

Оваа изјава на Мацуи предизвика потсмешливи реакции на Твитер. Некој му напишал дека тој најверојатно никогаш не бил да купува.

Јапонија е општество во кое доминираат мажите. Има 51% жени, и е на 110. место од 149 земји според Светскиот економски форум за еднаквост меѓу половите.

Во Јапонија расте бројот на заболени од ковид-19. До вчера имаше 11.950 потврдени случаи од кои 299 починати. На први март во земјата имаше 243 заразени.

 

 

Поврзани содржини