ГРАДОНАЧАЛНИК ОД ДПА ПРЕМИНА ВО АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ Садику ќе повлече и други структури

Нему му се приклучија и локални структури кои одбија да се пазарат со актуелната власт. Правото и чистото триумфираа!, објавија Алијанса за Албанците на Фејсбук. 

341

Градоначалникот на Студеничани од редовите на ДПА Азем Садику, премина во партијата Алијанса за Албанците.

„Градоначалникот на Студеничани Азем Садику сега дел од големото семејство на Алијанса за Албанците. Нему му се приклучија и локални структури кои одбија да се пазарат со актуелната власт. Правото и чистото триумфираа!“, објавија Алијанса за Албанците на Фејсбук.






Тој образложи зошто го направил овој чекор.

– Прво ви кажувам дека останав во ДПА до крај, бев кандидат на ДПА и на изборите победив како кандидат на ДПА. За жал по првиот круг кога победив убедливо против кандидатот на ДУИ, лидерот на ДПА ме продаде многу евтино и се подготвија заедно со ДУИ да ја сменат волјата на Студеничани. Но, наидоа на клинец, иако државниот апарат беше силно ангажиран, со власта, со полицијата, но и покрај нив малку ги зголемија своите гласови со поддршка на Алијанса и со поддршка на граѓаните на Студеничани. Повторно победив на изборите – вели Садику за Алсат М.

Поврзани содржини