ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НАПАДНАТА СО НОЖ ВО ГЕРМАНИЈА Лекарите се борат за нејзиниот живот
Социјалдемократката Ирис Сталцер е тешко повредена и се бори за живот, германската полиција спроведува голема акција за пронаоѓање на напаѓачот.
Новоизбраната градоначалничка на германскиот град Хердеке, 57-годишната Ирис Сталцер од редовите на Социјалдемократската партија, е тешко повредена во напад со нож, објавија германските медиуми.
Според извештаите на Шпигел, градоначалничката претрпела повеќекратни убодни рани, а во тек е голема полициска акција во градот кој се наоѓа во сојузната покраина Северна Рајна – Вестфалија.
Според првичните информации, Сталцер била избодена неколку пати во стомакот и грбот, а полицијата го одвела нејзиниот посвоен син, на возраст од 15 години. Во моментов нема информации дека тој бил вмешан во нападот.
#BREAKING : Police have arrested the 15 year old adopted son of Mayor Iris Stalzer
The boy was handcuffed and placed in a forensic suit in the patrol car.
He reportedly told authorities that his mother had been attacked by “several men” on the street.#Herdecke #Germany… pic.twitter.com/BDPTPRDa9O
— upuknews (@upuknews1) October 7, 2025
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази длабока загриженост по повод нападот, објавувајќи на платформата „X“ (поранешен Твитер) дека се надева на целосно закрепнување на градоначалничката и побара брза истрага.
„Овој брутален чин е шокантен за целата земја. Моите мисли се со Ирис Сталцер и нејзиното семејство,“ напиша Мерц.
Ирис Сталцер беше избрана за градоначалничка пред само две недели, освојувајќи 52,2 проценти од гласовите во вториот круг од изборите.
Полицијата ги повика граѓаните да останат смирени и да не шират непроверени информации додека трае истрагата.