Градинките се отвораат на 9 септември
Општините ќе треба да обезбедат и соодветен кадар за замена доколку во време на коронакризата градинките имаат потреба од таков кадар.
Владата денеска одлучи на 9 септември повторно да се отворат установите за згрижување и воспитание на деца – градинки и центри за ран детски развој.
Дотогаш градинките се должни да се подготват за работа, а општините кои се нивни основачи во овој период треба да обезбедат дополнителен простор или адаптираат соодветен простор за потребите на градинките со цел да се исполнат условите од Протоколот.
Општините ќе треба да обезбедат и соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со ковид-19, доколку градинката има потреба за непречено функционирање..