Градинката „Мајски цвет“ ќе добие ново руво

Оттаму информираат дека станува збор за објект кој повеќе години делуваше запуштено, а е лоциран во урбаното јадро на Карпош.

296

Во полн ек е реконструкцијата на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1.

– Локалната самоуправа почна со активностите за опремување на тоалетите, со нова хигиенско – санитарна опрема (тоалетни школки, чешми и мијалници), а се поставуваат и нови плочки по ѕидовите. Речиси се заменети и сите прозорци во објектот, со што целосно ќе се подобри енергетската ефикасност на оваа детска установа – соопштуваат од Општина Карпош.






Оттаму информираат дека станува збор за објект кој повеќе години делуваше запуштено, а е лоциран во урбаното јадро на Карпош.

– Општината ја започна етапната реконструкција на „Мајски цвет“ пред еден месец, а за истата се предвидени средства од Буџетот за 2020 година. Во следниот период се очекува и реконструкција на кровната површина, подот и фасадата. Исто така, предвидено е внатрешно опремување на занималните со нови дидактички материјали и инвентар – истакнуваат од општината.

Од локалната самоуправа наведуваат дека Општина Карпош продолжува да работи на подобрување на условите во предучилишното образование и зголемена детска заштита.

Поврзани содржини