ГРАДИНКА, БАБА ИЛИ ДАДИЛКА? Што е најдобро за вашето дете?

Една од најтешките одлуки што треба да ги донесете, ако не сте нашле решение уште на самиот почеток – каде и со кого ќе го оставите вашето дете додека сте отсутни.

275

Постојат баби кои ја преземаат улогата на воодушевени „дадилки“ уште пред да се роди бебето, па знаете дека вашето дете ќе биде во добри раце. Сепак, бабите не се секогаш на располагање како што би сакале.
Остануваат две опции: градинка или дадилка. Иако одлуката да имате дадилка не е лесна, следува уште потешка: наоѓањето на „совршената дадилка“, што лесно може да се претвори во невозможна мисија. Пред да почнете да барате дадилка, проширете ја веста во вашата околина, пријателите, семејството, познаниците… Бегајте од тинејџерите кои сакаат да заработат пари за вечерно излегување и фокусирајте се на возрасни со искуство во чување деца, кои, доколку е можно, и самите имаат деца бидејќи тоа е, без сомнение, најдоброто училиште.
Од друга страна, одличното CV е безвредно ако во петминутен разговор сфатите дека лицето едноставно не ви се допадне.

Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини