Градежник починал откако паднал каде што се движи лифтот
Пријавено малтретирање на малолетно девојче од нејзиниот вонбрачен сопруг.
ПАДНАЛ И ПОЧИНАЛ КАДЕ ШТО СЕ ДВИЖИ ЛИФТ – На 09.08.2020 во 09,30 часот било пријавено дека на ул.“Пушкинова“ каде на зграда се изведуваат градежни работи, М.М.(37) од с.Сарај-скопско пропаднал во делот каде што се движи лифтот и починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
УАПСЕНИ ДВАЈЦА КРАДЦИ – На 08.09.2020 во 18.30 часот и во 22.00 часот, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ф.Р.(48) од с.Речане, гостиварско и А.С.(27) од с.Долна Бањица,гостиварско поради постоење основано сомнение дека во текот на 2020 година извршиле повеќе кражби и тешки кражби во чегранско-равенскиот регион, најмногу во куќи. Против осомничените ќе следуваат соодветни поднесоци.
ТЕШКО ПОВРЕДЕН МОТОЦИКЛИСТ ВО ВЕЛЕС – На 07.09.2020 околу 03.30 часот на крастосница на ул.„Борис Трајковски“, „Христо Татарчев“ и „Кумановска“ во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „опел зафира“ со велешки регистарски ознаки, управуван од С.Д.(23) и мопед „априлија“ со велешки регистарски ознаки, управуван од седумнаесетгодишник, при што, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој бил пренесен во болницата во Велес. Увид на местото на настанот бил извршен од СВР Велес.
ФАТЕНИ ДВАЈЦА ИЗМАМНИЦИ ОД ЧУЧЕР-САНДЕВО – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.А. (33) од Скопје и С.Ќ.(32) од Чучер – Сандево, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“. Првопријавениот, во текот на февруари 2020, со лажно претставување го довел во заблуда оштетениот Д.А. кој е сопственик и управител на агенција за обезбедување и сопственик на такси компанијата така што преку телефонски повик се договорил со Д.А., да му обезбеди наводно физичко обезбедување и такси превоз за две лица кои ќе патуваат до хотел во Струга, како и такси превоз за пренесување на видео бим до наведеното место за паричен износ од вкупно 11.500 денари. При тоа првопријавениот, побарал од Д.А. дополнително преку возачот на неговата такси компанија да му позајми и испрати уште 19.000 денари, за да ги плати трошоците за видео бимот, за што Д.А. се согласил и преку такси возач М.Ќ. на 12.02.2020 во Скопје, му ја дал бараната сума на пари на второпријавениот. Откако второпријавениот, ги зел парите и заминал, на телефонскиот број на Д.А. му пристигнала порака од првопријавениот дека патувањето до Струга било одложено. Имено, првопријавениот на 12.02.2020 со лажно претставување ги довел во заблуда и лице сопственик на угостителски објект во с.Врапчиште, гостиварско, како и Д.М., декоратор на забави. Првопријавениот, лажно договорил прослава во наведениот угостителски објект додека пак со Д.М. договорил истата да му испрати огномети до угостителскиот објект и да ја декорира забавата, со што пријавените се стекнале со противправно имотна корист во износ од 166.415 денари.
БРАТУЧЕДИ СЕ ИСПОТЕПАЛЕ МЕЃУ СЕБЕ – На 09.09.2020 во 02.00 часот во СВР Скопје, Џ.Е.(23) од Скопје пријавил дека на 08.09.2020 околу 21.15 часот додека бил во својот дом заедно со С.Е., А.Е., А.Е. и С.М., дошле неговите братучеди и физички ги нападнале и оштетиле инвентар. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МАЛОЛЕТНИЧКА МАЛТРЕТИРАНА ОД ВОНБРАЧНИОТ СОПРУГ – На 08.09.2020 околу 00,30 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека кај угостителски објект на ул.„Цар Самоил“ малолетничка од Штип била малтретирана од вонбрачен сопруг В.Ј(21) од Прилеп. Извршен е разговор со мајката на малолетничката, која потврдила дека нејзината ќерка вонбрачно живеела со В.Ј., и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ЖИТЕЛ НА МИРАВЦИ СИ ОДГЛЕДУВАЛ КАНАБИС – На 08.09.2020 околу 18 часот бил лишен од слобода С.К. (24) од с. Миравци на место викано „Лгот“, во атар на с.Миравци,гевгелиско. Кај него е пронајдена торба во која имало канабис, а во насадот биле пронајдени уште пет стебла од растението „Cannabis Sativa“ кои пријавениот ги имал засадено. По издадена судска наредба бил извршен претрес во домот на пријавениот. С.К. бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициска станица Гевгелија и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПРИЈАВИЛА ДЕКА ИСЧЕЗНАЛА НЕЈЗИНАТА СНАА – На 08.09.2020 во 21,30 часот во СВР Битола, Н.Ј.(56) од Битола пријавила дека нејзината снаа Ф.Ј. (30), се оддалечила од семејниот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
ИЗГОРЕЛО ВОЗИЛО ВО КРАТОВСКО – На 09.09.2020 година во 01,00 часот во Полициска станица Кратово било пријавено дека во с.Крилатица настанал пожар во патничко моторно возило “фолксваген лупо“ со бугарски национални ознаки, сопственост на Ч.К. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Кратово. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кратово.
ПРОНАШЛЕ МАРИХУАНА КАЈ ТРИ ЛИЦА – На 08.09.2020 во 22,30 часот полициски службеници од СВР Скопје на Плоштад „Скендер Бег“ ги лишиле од слобода С.И.(22), К.П.(20), Ф.И.(22) и Џ.Б.(25) сите од Скопје зато што по извршен преглед била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МУ НАШЛЕ МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – На 08.09.2020 во 17,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.“Никола Карев“ лишиле од слобода 17 годишник од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ДВАЈЦА СКОПЈАНИ ФАТЕНИ СО КОКАИН – На 08.09.2020 во 20,15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.Методија Митевски ги лишиле од слобода А.С.(44) и М.Л.Б.(49) двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПЕШАК НА ВЛЕЗОТ ВО СКОПЈЕ – На 09.09.2020 во 09,30 часот било пријавено дека во Скопје на бул.“Александар Македонски“ на влез во Скопје, товарно моторно возило “фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.К.(32) од с.Батинци-скопско удрило во пешак А.Т.(76). Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
ОХРИЃАНЕЦ ПОЧИНАЛ ВО СВОЈОТ ДОМ – На 08.09.2020 во 20,19 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Охрид на ул.“Момчило Јордановски“ во неговиот дом бил пронајден починат Т.Ѓ.(82) од Охрид. Од лекар на Итната медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
ПО РАСПРАВИЈА СКОПЈАНЕЦ БИЛ НАПАДНАТ ОД ДВЕ ЛИЦА – На 09.09.2020 во 02,40 часот Д.Ј.(48) од Скопје пријавил дека на истиот ден околу 02,30 часот на бул.“Јане Сандански“ по претходна расправија бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.
ПРИЈАВЕНО ИСЧЕЗНУВАЊЕ НА МАЛОЛЕТНИЧКА – На 08.09.2020 во 12,00 часот во Полициската станица Бит Пазар М.Ќ.(39) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка С.Ќ.(16). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
ЗАПАЛЕНО ВОЗИЛО ВО СТРУГА – На 09.09.2020 околу 04,00 часот во Полициска станица Струга било пријавено дека на ул.„Климетица“ настанал пожар во товарно моторно возило “цитроен Ц-3“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на фирма од с.Мислешево. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга.
ГО КАСНАЛО УЛИЧНО КУЧЕ – На 08.09.2020 во 22,35 часот во Полициската станица Аеродром З.Т.(37) од Скопје, пријавил дека на бул.“Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.
ОГРАБЕНА АПТЕКА ВО СКОПЈЕ – На 09.09.2020 околу 03.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Мирче Ацев“ две лица со закана од вработениот одзеле пари од прометот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се презмаат мерки за расчистување на случајот.
ЗА НЕЛЕГАЛЕН ПРЕСТОЈ УАПСЕНИ ТРИ ЛИЦА ОД АЛБАНИЈА – На 08.09.2020 околу 19.40 часот во близина на училиште на ул.„Браќа Миладинови“ во Тетово полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.П.(19), Н.О.(21) и 17 годишник, тројцата од Република Албанија, кои непријавено престојувале на подрачјето. Тие се предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.