ГРАДЕЖНИК ОД МАКЕДОНИЈА ЗАГИНА ВО НОВА ГОРИЦА Падна од скеле високо 8 метри

Колегите веднаш повикале итна медицинска помош, но лекарите не успеале да го реанимираат.

238

Трагедија се случила во понеделникот попладне во населбата Шемптер кај Нова Горица, Словенија, кога 53-годишен работник од Македонија загина по пад од осум метри високо скеле.

Несреќата се случила околу 15:30 часот за време на занаетчиски работи на фасада во деловен објект. Работникот паднал на насип или на поплочен тротоар и останал неподвижен. Колегите веднаш повикале итна медицинска помош, но лекарите не успеале да го реанимираат и констатирале смрт на местото на настанот.






Полицијата го известила истражниот судија и државниот обвинител, а инспектор од Трудовиот инспекторат присуствувал на увидот. Наредена е обдукција за утврдување на точната причина за смртта, а истрагата за околностите на падот продолжува.

Поврзани содржини