ГРАДЕЖНИЦИТЕ ДОБИЈА РАБОТА Дадени се 446 одобренија за градба
Од вкупно 446 објекти, на 201 инвеститори се физички лица, а на 245 објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во јули 2021 година се издадени 446 одобренија за градење што е за 57 отсто повеќе во однос на јули лани.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите е 9, 9 милијарди денари или 97 проценти повеќе. Се планира изградба на 1.945 станови, со вкупна корисна површина од 153 184 метри квадратни.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 284 или 63,7 отсто се наменети за објекти од високоградба, 50 или 11,2 отсто се за објекти од нискоградба и 112 или 25,1 процент за објекти за реконструкција.
Од вкупно 446 објекти, на 201 инвеститори се физички лица, а на 245 објекти инвеститори се деловни субјекти.