ГРАДЕЖНИЦИТЕ ЈА ГУБАТ РАБОТАТА ВО СТРАНСТВО Од почетокот на годината работат само во четири земји
Македонската градежна оператива во првиот квартал договорила работа во Германија, Чешка, Албанија и Данска.
Домашната градежна оператива во периодот јануари – март годинава извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 23 милиони денари.
Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во првиот квартал годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 58.285 000 денари, за 65,2% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Вредноста на извршените градежни работи изнесува 23.320.000 денари, за 55,8% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Македонската градежна оператива во првиот квартал договорила работа во Германија (25,4 милиони денари), Чешка (760.000 денари), Албанија ( 30 милиони денари) и Данска (2,1 милион денари).
Лани градежниците работеле на проекти во Германија, Црна Гора, Бугарија, Албанија и во Босна и Херцеговина.