Градежни работи на патот Куманово- Страцин, се менува режимот на сообраќај
Компанијата Виадукт трејд од денеска почнува со градежни активности во должина од 16 километри.
Од шест до девет месеци ќе траат градежните работи во Државниот пат А2 – потег од БС Виена Петрол/Куманово до с. Страцин, информираат од АМСМ, од каде од денеска Компанијата Виадукт трејд ќе почне со градежни активности во должина од 16 км, со што на наведениот пат ќе се изврши промена на режимот на собраќај.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, односно препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.