Невреме проследено со град, силен ветер и грмотевици го зафати регионот на струмичко Ново Село вечерва околу 18 часот, јави телевизија Сител.
Според очевидци, градот паѓал околу 15 минути.
Зрната од градот не биле големи и според првичните сознанија најмногу штета предизвикале на автомобилите.