Град Скопје присилно ќе ги наплаќа даноците, таксите и фирмарината за 2019 година

Од Градот велат дека доколку обврзниците не постапат по ваквите решенија, Град Скопје ќе започне со доставување решенија за блокада на нивните сметки по банки.

426

Град Скопје  ja почнa постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комуналната такса за фирмарина за 2019 годинa.Претходно градот на сите кои не ги подмириле обврските им достави опомени по кои следуваше изготвување решенија за присилна наплата и нивно доставување до сите правни и физички лица коишто вршат дејност на територијата на град Скопје.

Од Градот потсетуваат дека доколку обврзниците не постапат по ваквите решенија, Град Скопје ќе започне со доставување решенија за блокада на нивните сметки по банки.






„Ви укажуваме дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски.Ве информираме дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картица, увид во изготвените решенија по кои е задолжен и истите може да ги печати следејќи ја следната патека https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml , наведуваат од Градот.

Поврзани содржини