Град Скопје нема присилно да наплатува данок на имот додека траат мерките за коронавирус

Градот почнал да доставува решенија за данок на имот и решенија за комунална такса-фирмарина .

244

Градот Скопје нема да презема никакви дополнителни мерки, вклучително и присилна наплата, кон сите даночни обврзници во градот што имаат неподмирени долгови, додека траат препораките и мерките на Владата и Министерството за здравство за спречување на ширењето на коронавирусот.

Од Градот соопштуваат и дека  согласно  Законот за даноци на имот и Законот за комунални такси, почнале со доставување решенија за данок на имот до сите физички и правни лица на територијата на град Скопје, како и решенија за комунална такса-фирмарина до сите правни лица регистрирани на територијата на град Скопје.






Истовремено, се доставуваат и опомени за неплатени решенија за данок на имот и фирмарина за 2019 година на сите обврзници, кои не го подмириле долгот за 2019 година.

Поврзани содржини