Град Скопје направи уште едно иклузивно игралиште, овој пат во Бутел
Вакво исто инклузивно игралиште Град Скопје направи и во Карпош кое беше пуштено во употреба претходниот викенд.
Градоначалникот Шилегов денеска го посети и инклузивното игралиште во дворот на ОУ „Живко Брајковски“, кое Град Скопје го направи во соработка со Општина Бутел.
– Пред десетина дена во Општина Бутел отворавме сензорска соба, а денеска го пуштаме во употреба инклузивното игралиштето чиишто реквизити се соодветни за користење од децата со и без попреченост. Станува збор за една политика која јас како градоначалник и Градот Скопје ја имаме кон инклузивноста и кон тоа дека секој во нашиот град мора да добие еднаква шанса. Игралиштето се простира на површина од 720 м2, а со оваа инвестиција вредна околу 3.900.000 денари дадени од Градот и партерното уредување од околу 1.500.000 денари што го обезбеди Општина Бутел, покажуваме дека соработката меѓу институциите и тоа како вродува со плод. Јас ги охрабрувам и градоначалниците на другите општини да влегуваме во вакви заеднички реализации на проекти коишто се битни и покажуваат дека секој во нашиот град е важен – рече Шилегов.
Вакво исто инклузивно игралиште Град Скопје направи и во Карпош кое беше пуштено во употреба претходниот викенд.
Градот Скопје продолжува посветено да вложуваме во иднината на сите граѓани без исклучок, а кога децата се во прашање не прави компромиси. Затоа Град Скопје води активна и динамична социјална политика и секогаш одговара позитивно на потребите на социјално ранливите граѓани.