ГРАД СКОПЈЕ МУ ОДГОВОРИ НА ЗНМ „За осуда е насилството кон, но и од новинарите“
Го осудуваме секое насилство кон новинарите, но и насилството од новинарите, велат од Град Скопје во врска со случајот со Мартин Арсов од ТВ Сител.
Град Скопје одговори на соопштението на ЗНМ во врска со случајот со новинарот на Сител, Мартин Арсов кој тврдеше дека физички бил нападнат од лице за односи со јавност од администрацијта откако известувал за седница на градот.
Од Град Скопје соопштуваат:
„Правото и слободата на говорот и јавното информирање е прво и основно правило на демократијата, се разбира само тогаш кога ова право не се злоупотребува како инструмент на политички и лични интереси и во свесно ширење на лаги и дезинформации.
Го осудуваме секое насилство кон новинарите, но и насилството од новинарите.
Апелираме Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ како и Македонската асоцијација на новинари-МАН сериозно и детално да ги разгледаат сите факти во врска со обвинувањата на репортерот Мартин Арсов, како и да го преиспитаат неговото членство во еснафските организации чии етички кодекси во целост беа прекршени од негова страна во текот на вчерашниот ден“.