Град Скопје им средства за уште околу 3.500 барања за инвертери

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата.

504

Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега поднесени се 1.964 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.500 барања, информира Град Скопје.

Оттаму ги потсетуваат граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, на кој граѓаните може да аплицираат онлајн.






– Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата. На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ – нагласуваат од Градот.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување може да се најдат на линкот: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020 .

Поврзани содржини