ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДОНИРА 32.500 ЕВРА ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ Советот на наредната седница ќе одлучува за помошта
На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на својата наредна седница ќе одлучува за доделување парична помош во знак на солидарност кон семејствата и почит кон настраданите.
Град Скопје ќе додели 2 милиона денари (32.500 евра) за семејствата на загинатите од Скопје во автобуската несреќа пред два дена во Бугарија.
На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на својата наредна седница ќе одлучува за доделување парична помош во знак на солидарност кон семејствата и почит кон настраданите.
Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување.