Град Скопје до ВМРО-ДПМНЕ: Триесет години само ветувавте трамвај
ВМРО-ДПМНЕ 30 години говореше за воведување на трамвај во Скопје, но тоа никогаш не се случи. За разлика од ваквите лажни ветувања, Град Скопје годинава го започна воведувањето на БРТ системот на брз автобуски превоз и тој после 40 години за граѓаните ќе стане реалност - се вели во реакцијата на градот.
По денешните обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека „метрото“ на Шилегов ќе направи хаос во градот, Град Скопје експресно излезе со своја реакција изјавувајќи дека кон ова за нив е „паушално соопштение“:
Во прилог ја пренесуваме реакцијата на Град Скопје во целост:
„Воведувањето на БРТ системот на брз автобуски превоз во Скопје е еден
исклучително важен и голем историски чекор напред во урбаниот развој на градот.
Градот Скопје денеска ја презентираше иднината на урбано Скопје и изразуваме
жалење што опозицијата континуирано одбива да биде дел од иднината на нашиот
град. Наместо паушалните соопштенија, тие имаа можност да дојдат и да
учествуваат во денешната експертска дебата.
За жал, наместо да учествуваат во една конструктивна дебата за идниот урбан
развој на Скопје, тие одлучија да пласираат паушални соопштенија.
ВМРО-ДПМНЕ 30 години говореше за воведување на трамвај во Скопје, но тоа
никогаш не се случи. За разлика од ваквите лажни ветувања, Град Скопје годинава
го започна воведувањето на БРТ системот на брз автобуски превоз и тој после 40
години за граѓаните ќе стане реалност.
Градот Скопје заедно со граѓаните ја одбра иднината на нашето Скопје и одлучно
продолжува по тој пат, со уверување дека што поскоро опозицијата ќе се приклучи
на овој процес“, се вели во реакцијата на градот.