Град сериозно оштети авион, пилотите принудени да се вратат на аеродромот по полетувањето (ФОТО)
Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат оштетување на предниот дел од авионот, вклучувајќи скршени прозорци и дупнати метални конструкции на трупот.
Авионот Боинг 737 на компанијата Емирати мораше итно да слета набргу по полетувањето од аеродромот во Милано, откако беше оштетен во невремето над езерото Орта.
Летот ЕК205 летал од Дубаи до Њујорк преку Милано во Италија, кога земјата ја погоди невреме.
Неколку минути по полетувањето од аеродромот во северна Италија, невремето ги принуди пилотите да се вратат на аеродромот во Малпенса, откако градот го оштети леталото.
Од компанијата Емирати велат дека нема повредени.
Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат оштетување на предниот дел од авионот, вклучувајќи скршени прозорци и дупнати метални конструкции на трупот.
– Летот ЕК205, кој требаше да замине од Милано (МКСП) за Њујорк (ЈФК) на 13 јули во 14:10 часот (по миланско време), се врати во Милано наскоро по полетувањето поради неповолните временски услови – објави авиокомпанијата.
Тие додаваат дека авионот слетал без никакви проблеми и дека патниците и членовите на екипажот биле безбедно симнати.