Грабежи, тепачки, измами, биле пријавени во МВР во последните 24 часа

Исчезнала жена од радовишкото село Дедино - На 28.07.2020 во 16.00 часот во Полициска станица Радовиш, И.А.(42) од с.Дедино пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата сопруга Д.А.(29). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

401

Ограбен битолчанец во Градскио парк – На 28.07.20202 во 13.00 часот во СВР Битола, Н.Н.(70) од Битола пријавил дека во Градскиот парк во Битола бил физички нападнат од две непознати лица, при што му биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопјанка пријавила обид за измама -На 28.07.2020 во 18.15 часот во Полициска станица Бит пазар, К.Х.(62) од Скопје пријавила дека околу 14.45 часот се јавилo непознато лице кое ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода во која повредила малолетно лице, нудејќи се да помогне ако за возврат му бидат исплатени 50.000 денари. Според пријавеното, потоа се јавило друго непознато лице, кое плачејќи се претставило дека е нејзина ќерка. По настанот пријавителката разговорала со нејзината ќерка и констатирала дека станува збор за обид за измама. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






Физичка пресметка поради недоразбирање во сообрачајот – На 28.07.2020 во 15.00 часот во СВР Скопје, Т.Л.(25) од Скопје пријавил дека во 14.50 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, по претходно недоразбирање во сообраќајот, тој и Ј.Љ.(23) од Скопје биле физички нападнати од две непознати лица, кои биле со патничко возило „Голф 5“, со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пијани скопјани се испотепале меѓусебе – На 28.07.2020 во 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Римска“ со ул.„Алжирска“, поради меѓусебно недоразбирање, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М.(52) и Д.А.(39), од една страна, и Г.Ц.(51) од друга страна, сите од Скопје, кои биле во алкохолизирана состојба. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл. 11 и чл. 6 од ЗППЈРМ.

Жена била касната од куче во Гази Баба – На 28.07.2020 во 12.30 часот во Полициска станица Гази Баба, В.С.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Сава Михајлов“ била касната од куче скитник.

Возач се обидел да удри полицаец и побегнал од местото – На 28.07.2020 во 23.08 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.30 часот на ул.„Самоилова“ патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, не запрело на даден знак од полициски службеник кој вршел службени дејства, туку се обидело да го удри и го напуштило местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исчезнала жена од радовишкото село Дедино – На 28.07.2020 во 16.00 часот во Полициска станица Радовиш, И.А.(42) од с.Дедино пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата сопруга Д.А.(29). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во огласи ги злоупотребил податоците на друга личност – Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР поднесе кривична пријава против Д.С.(37) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, казниво по член 149 од Кривичниот законик. На 21.01.2020 Д.Г. пријавила дека во текот на месец јануари 2020 пријавениот Д.С. бесправно поставувал огласи на неколку веб страни во име на оштетената, при што на огласите го оставал нејзиниот телефонски број, со текст со недолична содржина.

Петмина штипјани физички се пресметале и уништиле 4 возила – СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Р.(43), А.Р.(47), А.Р.(39), Е.Д.(35) и Д.Ј.(30), сите од Штип, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 29.06.2020 на ул.„Широк дол“ во Штип, по претходна расправија, помеѓу пријавените настанала физичка пресметка со тврди предмети, при што биле оштетени и четири патнички возила кои биле во непосредна близина.

Охриѓанец украл товарно возило во Струга – СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К.(45) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“. На 16.06.2020 во 20.10 часот пред пекарница во Струга, пријавениот го одзел товарното возило во сопственост на пекарата.

Велешанка пријавена за измама при просредување за вработување – СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Р.(36) од Велес, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во јануари 2020 пријавената, со цел да се стекне со противправна имотна корист, го довела во заблуда Ј.М. од Гостивар, тврдејќи му дека може да ја вработи неговата девојка за износ од 1.000 евра. Тие оствариле средба, при што Ј.М. ѝ дал на пријавената 300 евра и 1.000 денари, по што контактите биле прекинати и договорените средби не се одржале.

Купил фалсификувана возачка но го фатиле на влез во Србија – СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(25) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. Во март 2019, пријавениот за 300 евра набавил фалсификувана возачка дозвола од лице од Скопје, која ја употребил на граничен премин во Р.Србија, каде била откриена и одземена.

Кривична пријава три лица од Тетово за непочитување на полицискиот час – СВР Тетово поднесе кривична пријава со против Л.Љ.(26), А.Р.(26) и Л.Ш.(22), сите од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 07.06.2020 во 22.20 часот од полициски службеници пријавените биле забележани како се движат по ул.„Илинденска“ во близина на поштата во Тетово и истите се дале во бегство, по што Л.Љ. бил лишен од слобода.

Поврзани содржини