Грабеж во Битола – украдени 28 часовници вредни половина милион денари

522

Непознато лице во продавница за часовници и накит на улица „Широк Сокак“ во Битола со тврд предмет го скршил стаклото од излогот и од изложната витрина украл 28 машки часовници во вредност од 575 илјади денари.

Случајот, како што соопшти МВР, бил пријавен вчера во 5 часот изутрината.






Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Поврзани содржини