Граѓанскиот собир против карантинот се одложува за да се спречи малтретирање и казни

768

Граѓански собир  што денеска во 12 часот требаше да се одржи  пред владата, Собранието и во Чаир проив тродневниот карантин е одложен поради забраната за групирање  што потикнува кривични пријави и  малтретирање на секој поединец до раните утрински часови, објавија на Фејсбук поддржувачите на овој спонтан собир кој беше најавен вчера на социјалните мрежи. 

„Пред малку во разговор со полицаец од редовите на полициска станица Беко кој се консултираше со КОМАНДИРОТ, ми беше соопштено дека поради вонредната состојба подобро би било ПРОТЕСТОТ да го одложиме за после завршување на истата… Поточно поради членот 206 (забрана за групирање) кои сите добро го знаеме, полицијата е приморана да напише кривични пријави, што би значело непотребно малтретирање на секој поединец до раните утрински часови. Без размислување се сложивме дека е најдобро да не предизвикуваме немир кај народот во време на пандемија и одлучивме ПРОТЕСТОТ ДА ГО ОДЛОЖИМЕ. Благодарам на сите за дадената поддршка и разбирање, со надеж и сигурност дека ке се собереме после завршување на вонредната состојба“, пишува Јохан Елзесер на Фејсбук.






 

Поврзани содржини