Граѓански Фронт најави протест, ако владата не се откаже од распродажба на земјоделското земјиште (ВИДЕО)
Од Фронтот сметаат дека со законот ќе се реализира распродажба на државното земјоделско земјиште на странски богаташи преку коруптивни зделки бидејќи со продажбата со договор во четири очи ќе се реализираат дел од големите продажби на земјиштето.
Граѓански Фронт денеска побара владата да го повлече законот за продажба на земјодлеско семјиште и најави дкеа ќе организира протест.
Од Фронтот сметаат дека со законот ќе се реализира распродажба на државното земјоделско земјиште на странски богаташи преку коруптивни зделки бидејќи со продажбата со договор во четири очи ќе се реализираат дел од големите продажби на земјиштето.
Јордан Трајков, претседавач на Граѓански Фронт, изнесувајќи ги аргументите за штетноста од реализацијата на ваквата намера упати повик до владата да се откаже од истата како и до пратениците да не го изгласаат ваквото законско решение.
– И да добиеме милијарди евра ние не смеееме да го оттуѓиме овој стратешки битен ресурс – вели Трајков.
Тој вели дека граѓаните се сомневаат дека парите кои ќе се одбијат од продажбата на земјиштето ќе завршат во поедини џебови во услови кога во земјата вирее корупција.
Граѓанскиот фронт предлага распределба на земјиштето на сите граѓани со што , како што рече, граѓаните ќе излезат од сиромаштија.
Тој апелираше доколу владата не се повлече од намерата граѓаните, здруженија и партии кои се против ваквиот штетен закон на заеднички протест на 24 мај.