Граѓански активисти ќе се кандидираат за независни советници во Тетово на претстојните избори

Во иницијативата „Подобро за Тетово“ досега се вклучени 30 активисти на граѓански здруженија.

374

Активисти од повеќе граѓански здруженија во Тетово денеска објавија дека ќе се кандидираат за советници на Тетово на претстојните локални избори. Тие ќе настапат на заедничката листа на независни кандидати, пренесе ТетовоИнфо мк.

Во иницијативата „Подобро за Тетово“ досега се вклучени 30 активисти на граѓански здруженија.






– Ние сме денеска тука за да ви ја презентираме нашата иницијатива за кандидирање и листата за Советот на општина Тетово на локалните избори кои ќе се одржат во октомври. Ние сме луѓе од граѓански сектор, луѓе со различни професии. Знаеме во каква состојба се наоѓа нашето Тетово, колку е деградирано и ние сакаме да ги претставиме сите проблеми внатре во Советот на општина Тетово – изјави Хамди Сулејмани, граѓански активист.

 

Поврзани содржини