ГРАЃАНИТЕ СЀ УШТЕ ВОЗАТ ПРЕБРЗО Од 650 прекршоци вчера 590 биле за брзо возење

126

Во текот на вчерашниот ден (03.02.2026) преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 650 прекршоци. Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 36 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 590 прекршоци, а за нерегистрирани возила 24 прекршоци.

Изречени се вкупно 61 забрана за управување на моторно возило.






– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за безбеден сообраќај на територијата на целата земја – велат од МВР.

Поврзани содржини