ГРАЃАНИТЕ ПОИТАА ПО ТРЕТА ДОЗА Вчера се аплицирани 3.300 вакцини, а за прва само 483

Заклучно со 21 октомври вкупно се вакцинирани 800.718 граѓани, ревакцинирани се 767.800 а трета доза примиле 5.666 граѓани, стои во соопштението од МЗ. 

293

Од министерството за здравство информираат дека во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.933 дози вакцини, од кои 483 се аплицирани како прва доза, 1.150 се ревакцинирани, а 3.300 граѓани примиле трета доза вакцина.

– Заклучно со 21 октомври вкупно се вакцинирани 800.718 граѓани, ревакцинирани се 767.800 а трета доза примиле 5.666 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина – стои во соопштението од МЗ.






Оттаму додаваат дека опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Поврзани содржини