ГРАЃАНИТЕ ПОИТАА НА ЕКСКУРЗИИ На Табановце и на Блаце се чека од 30 до 40 минути

219

На граничните премини од македонска страна во моментов се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 40 минути, а на Блаце околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.






Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

Поврзани содржини