ГРАЃАНИТЕ ПОДНЕЛЕ 878 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА СТРУЈА Избраните месечно ќе добиваат по 1.000 денари од државата
Поддршката ќе се пресметува на месечната сметка за струја, започнувајќи од месецот по објавата на списокот на корисници. Согласно правилата, неплаќањето на две последователни сметки доведува до укинување на решението за финансиска поддршка.
Вкупно 878 барања за користење субвенции за струја доставиле граѓаните на јавниот оглас кој заврши на 31 август, информира Министерството за енергетика.
Од нив 227 се барања во кадегоријата„домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост“, 296 за „домаќинства со едно или повеќе лица со најтешка телесна попреченост“, 201 за „домаќинства со едно или повеќе потполно слепи лица“ и 154 барања во категоријата „домаќинства со едно или повеќе потполно глуви лица“.
Финансиската поддршка се обезбедува преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 1000 денари месечно, во траење од 12 месеци, сметано од денот на поднесување на барањето.
Поддршката ќе се пресметува на месечната сметка за струја, започнувајќи од месецот по објавата на списокот на корисници. Согласно правилата, неплаќањето на две последователни сметки доведува до укинување на решението за финансиска поддршка.
Како што информираа од Министерството веќе се разгледуваат пријавите од страна на комисиите задолжени за обработка на пријавите веќе се во процес на разгледување.
-Почнувајќи од следната недела, обработените податоци ќе бидат доставувани до надлежните институции опфатени со Јавниот оглас и Програмата – Министерството за социјална политика, демографија и млади, Управата за јавни приходи и ЕВН Македонија- велат оттаму.
Министерката за енергетика Сања Божиновска изајви дека со оваа мерка се испраќа јасна порака дека државата стои зад оние на кои поддршката им е најпотребна.
– Сакаме да обезбедиме сигурност и достоинство за ранливите категории потрошувачи и да им помогнеме да ги надминат предизвиците кои ги носи секојдневието. Финансиската поддршка за електричната енергија е конкретен чекор кон поголема социјална заштита и еднаков пристап до основни потреби – рече таа.
Министерството потсетува дека сè уште е во тек јавниот оглас за субвенции за инвертер клима-уреди, со кој директно се таргетираат ранливите потрошувачи на енергија.