ГРАЃАНИТЕ НЕ ТРЕБА ДА ПЛАЌААТ ЗА НОВИТЕ ЛИЧНИ КАРТИ Народниот правобранител вели дека треба да бидат на товар на буџетот
Народниот правобранител Насер Зибери, за Алфа ТВ вели дека граѓаните кои имаат важечка лична карта, не треба да плаќаат за нова само поради новото уставно име, туку тоа треба да се плати од државниот буџет.
– Како обврска што ја наметнува државата, поседувањето на личната карта, а како резултат на одлука на државата, да се променат личните карти, во тој случај логично е, граѓаните да не бидат изложени на трошоци, зошто таа обврска се наметнува не по нивна вина, не поради истек на исправата, туку како резулатат на одлука на владата, на собранието, односно, државата. И од тие причини граѓаните треба да бидат поштедени од еден ваков трошок – порача Зибери.
Тој додава оти ветувањата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека граѓаните нема да бидат казнети не е решение, бидејќи ќе се појават многу други проблеми, да не може да се заврши работа во банка, на нотар, на суд…