Граѓаните најмногу го користеле градско-приградскиот превоз
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 2.738.
Во второто тримесечје од 2020 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 390.000, а во градско-приградскиот е 6.746.000. Во железничкиот превоз, пак, бројот на превезени патници изнесува 28.000.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 2.738.
Во второто тримесечје од 2020 година, во споредба со второто тримесечје од 2019 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 2.3 отсто, во железничкиот превоз е намалено за 15.3 отсто, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 66 отсто.