ГРАЃАНИТЕ НА КИСЕЛА ВОДА БАРААТ ДА ЗАПРЕ УРБАНИОТ ХАОС Арсовска им вети повеќе зеленило отколку бетон

402

Независната кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска денеска при посета на скопската општина Кисела Вода разговараше со граѓаните за проектите од изборната програма предвидени за нивната општина.

 

За жителите на Кисела Вода, голем проблем е прекумерната градба на нови згради со што им се окупира животниот простор, се намалуваат зелените површини, а и се намалува капацитетот на паркинзи.

 






Арсовска во директен разговор со нив ги претстави проектите од својата изборна програма кои се изградени токму врз основа на овие проблеми, како создавање на еден од петте мега паркови токму во Кисела Вода, како и повеќе монтажни паркинзи со што значително ќе се реши проблемот со узурпирање на просторот меѓу зградите и на тротоарите.

Поврзување на Кисела Вода со велосипедска патека, чистење на дивите депонии низ целата општина како и изградба на директна патна поврзаност со Аеродром, вети Арсовска.

 

Поврзани содржини