🎥 ГРАЃАНИТЕ НА ЧАЧАК ЈА ГАЃАА АНА БЕКУТА СО СНЕЖНИ ТОПКИ Чачанци протестираа поради буџетските средства, пејачката настрада

Демонстрантите фрлаа со снежни топки и ја исвиркуваа Ана Бекута за време на нејзиниот концерт на прославата на Стара Нова година во Чачак

601

Синоќа (13.01), жителите на Чачак го попречувале концертот на пејачката Ана Бекута на плоштадот во Чачак, кој бил организиран и платен со буџетски средства од градската власт за прослава на Стара Нова година.

Властите за тој дочек дале 4,5 милиони динари, со данок на додадена вредност, од градскиот буџет.






Граѓаните се собрале на покана на две неформални групи граѓани „Граѓани на Чачак во блокада“ и „Покретач“, околу 21:30 часот пред просториите на градскиот комитет на Српската напредна партија (СНС), каде што служеле вино и греана ракија, со рокенрол музика и трубачи.

Кога започнал концертот на Бекута, околу 22:30 часот, граѓаните кои протестирале затоа што градскиот буџет се троши „бесмислено и непотребно“ за концертот на Бекута, фрлаа снежни топки по пејачката и по музичарите на сцената.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by N2 portal (@n2vesti)

Во еден момент, како што може да се види од видеата кои се раширија низ социјалните мрежи, Бекута зборува преку микрофон и ја повикува полицијата да ја заштити, обраќајќи им се на граѓаните: „срам да ви е“.

Откако граѓаните ја исвиркаа, таа се симна од сцената и продолжи да пее зад видео бимот, додека полицијата ја опколи сцената од сите страни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beograd Danas (@beogradanas)

Поврзани содржини